top of page

За
Театар БОЕМИ

ЖИВОТОТ Е ТЕАТАР

     Театар БОЕМИ е основан на 15 Септември 1991 година, седум дена по прогласувањето на независноста на Република Северна Македонија како независна држава. Тој се развива и расне заедно со развојот на новата земја. Својата работа театарот ја започнува во аматерски услови, овозможувајќи простор за работа на над 300 млади луѓе кои поминаа низ проектите и програмите на театарот во првите пет години од неговата работа работа и развој. Во овој период театарот доби поддршка за својата работа од Министерството за култура, од Општината „Карпош„ како и од домот на градежните работници „Кочо Рацин„ - Скопје, преку добивање на простор за работа во зградата на старото кино во Ѓорче Петров. Уште од првата претстава, театарот ги имаше сите услови за врвен пристап во создавањето на „новиот театар на новото време„ кое како силна општествена промена се случуваше во тој период. Во оваа прва фаза беа реализирани пет театарски претстави, театарот настапи на регионалните и националните театарски фестивали, освојувајќи повеќе награди и признанија. 

     Во 1997 година, по долгогодишно интезивно лобирање и посветена работа, Театар БОЕМИ беше прифатен од страна на Министерството за култура како професионален алтернативен театар и му беше овозможено годишно финансирање на проектите, програмите и трошоците на театарот. Оваа втора фаза на развој на театарот беше исполнета со интезивна работа, создавање на нови претстави и воспоставување интезивна меѓународна соработка во рамките на мрежата „Изведувачки уметници за балкански мир„ што театарот ја формира заедно со 10 театри од Балканот, Европа и САД. 

     Од 2015 година театарот стана составен дел на платформата САРОШ ОТВОРЕН УНИВЕРЗИТЕТ и беше усвоен новиот манифест и театарот беше прогласен за АМБИЕНТАЛЕН ТЕАТАР, концепт, пристап и начин на работа кој се развива се до денес. 

     Откривањето на нови пристапи, истражувањето на нови форми, пронаоѓањето на драмата и театарот во секојдневниот живот и откривањето на нови театарски простори се наша секојдневна заложба, правејќи го овој театар сопственост на секој негов гледач, посетител, љубител, професионалец, посветен уметник или пасиониран театарџија. 

     „Се е театар и театарот е се„

Нашиот тим

Нашиот тим е составен од посветени театарски професионалнци кои секојдневно креираат автентични и уникатни сценски уметнички дела, со акцент на истражувањето на нови форми, пристапи, можности и дејства. Театарот е отворена плтформа за работа и развој, процесот на селекција на ангажирани театарски уметници е отворен и транспарентен и секој професионалец има можност да конкурира за да биде селектиран во нашите програми и проекти. 

Театар БОЕМИ - Скопје е граѓанска непрофитна организација и својата дејност ја обавува преку самофинансирање, учество во проекти, реализација на едукативни програми и со поддршка на спонзори и донатори. 

 

ЈАВЕТЕ НИ СЕ

Театар БОЕМИ - Скопје

П.Фах 11, 1060, Ѓорче Петров, Скопје

Република Северна Македонија 

boemiprojects@gmail.com

www.teatarboemi.com

Тел. 070-205-839 

 

ОТВОРЕНО

Понеделник - Петок: 08:30 - 19:30
Сабота: 09.00 - 17.00​

Недела  09.00 - 19.00

© 2022 by Teatar BOEMI - Skopje

  • Grey Twitter Icon
  • Grey Facebook Icon
bottom of page