Проект бр.1
ХЕПИ ХИПО ШОУ - ОСЛОБОДИ ГО УМОТ ОД КОРУПЦИЈА
Во 2019 и 2020 година, Театар БОЕМИ - Скопје со поддршка на Амбасадата на САД во нашата земја го релаизира проектот "ХЕПИ ХИПО ШОУ - Ослободи го умот од корупција" во соработка со Министерството за локална самоуправа, Министерството за култура, Министерството за внатрешни работи а за реализацијата на проектот, мрежата РАЗВОЈ и за вкупната своја работа, театарот доби поддршка и од Претседателот, Г-дин Стево Пендаровски. Со клик на линковите горе можете да ги прочитате и писмата на поддршка што ги добивме за овој проект.
Во научната студијата се застапени сите информации, податоци, употребени методи, добиени резултати од истражувањето, нивна интерпретација како и богата фото-архива
Одгласи во медиумите: МИА, ТВ Алфа, Канал 5, Слободна Европа, Мак-Прес, Утрински весник, Либертас, Медиа Пресс, GasiNet Општина Гевгелија, Општина Делчево, Општина Неготино, Општина Охрид,
Составен дел на проектот беше снимањето на документарниот филм „Ослободи го умот од корупција„, кој заедно со вкупната видео архива од реализацијата на целиот проект е опфатена во плеј-листата на YouTube.

Театар „БОЕМИ„ Скопје го реализираше проектот „ПРЕКУ ДРАМА ДО ЗДРАВИ ЖИВОТНИ НАВИКИ„ во рамките на кој беа изведени работилници во основните училишта во Град Скопје за ученици од 3-то одделение, под раководство на д-р Нелко Нелковски, режисер и театролог. Во рамките на секоја од работилниците беа опфатени соджини поврзани со театарот, драмата и филмот, презентација на сегментите од кои тие се изградени, презентација на трагедијата и комедијата како драмски форми, презентација на маските од античко време до денес а беше презентиран и куклениот театар како модел. Сите театарски сегменти беа поврзани и искористени за презентирање на здравите животни навики.
Во вториот дел на секоја од работилниците, учениците изведуваа вежби за физичка имитација на животни, импровизација, како и анимирање на кукли што заврши со презентација на кратко куклено дејство од страна на секој ученик. Наставниците добија упатство за искористување на стекнатото знаење во текот на вкупната настава а секој учесник доби сертификат за учество.
Овој проект е вклучена во редовните програми на театарот и работилниците се изведува континуирано за сите заинтересирани училишта во земјата.
Овој проект е поддржан од Град Скопје, во рамките на годишната програма за млади и спорт за 2020 година.

Проект бр.3
ХЕПИ ХИПО ШОУ - ЗА КОХЕЗИВНО И ИНКЛУЗВНО ОПШТЕСТВО
Проектот „Хепи Хипо Шоу – за кохезивно и инклузивно општество“ е имплементиран од здружението на граѓани Театар „БОЕМИ – Скопје а финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Активно вклучување и влијание на сите актери во превенција и спротивставување на насилен екстремизам во Северна Македонија” финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта„ и Здружението „Хуманост“.
Театарот и општеството се папочно поврзани феномени кои на совршен начин кореспондираат и меѓусебно влијаат еден врз друг. Она што општеството неможе, не знае или несака да го артикулира, покаже, разбере и промени, тоа театарот може многу лесно да го покаже и со своите „меки“ и софистицирани средства дирактно да влијае на подобрување на конкретната ситуација и конкретниот третиран проблем. Театар „БОЕМИ“ во својата 32 годишна историја има развиено цела лепеза на пристапи и методи за влијание и менување на свеста на гледеачот. Во оваа смисла ја имаме развиено и доведено скоро до совршенство формата на форум театарот „ХЕПИ ХОПО ШОУ“ како исклучителна алатка за предизвикување конкретна и мерлива општествена промена. Во процесот на подготовка на шоуто за овој проект, беше консултирана широка теоретска база и беше дизајнирано уникатно сценско дејство во насока на сензибилизирање на училиштата, локалните граѓански организации и водачите на заедницата за поддршка и вклучување во превенцијата и спротивставувањето на насилниот екстремизам и процесот на рехабилитација и реинтеграција во основното и средното образование во опфатените општини. Овој проект и овој приод се тесно поврзани со мисијаста, целите и задачите на нашата организација која го користи театарот како алатка за создавање на хуман свет, што е крајна цел и на вкупниот проект. Со нашот проект се третирани манифестациите на насилниот екстремизам и неговите форми во основните и средните училишта во со проектот опфатените општини. Младите се најподложни на влијанија и потребата од сензибилизирање на локалната заедница, локалните власти, локалниот бизнис и вкупното опкружување е од клучно значење за успех. Живеејќи во опасно време, каде што социјалните медиуми ги прават најопасните феномени достапни за младите, војните во Украина и во Израел, масакарот во основното училиште во Србија, сето тоа е опасен „квасец„ кој ако падне врз погодно тло, може да резултира во исклучително опасна реакција. Во оваа смисла, отворањето на спонтатна но целенасочена дискусија за надминување на сите видови на конфликти во ученичката средина е од клучно значење за зајакнување на локалната средина и создавњае на отпорно кохезивно и инклузивно општество. За успешно третирање на проблемите и потребите на младите луѓе, се спроведе првиот сегмент од научно истражување, кој беше вовед во главните активности на проектот и врз основа на него беше креирана а потоа и изведена претставата „Хепи Хипо Шоу“, пропратена со дискусија и соодветни заеднички заклучоци. Она што младите луѓе го видоа, почуствуваа и доживеаа преку уникатната претстава базирана на пристапот „форум театар“ трајно и позитивно ги промени нивните погледи, разбирања, сфаќања и однос кон екстремното насилство и особено кон врсничкото насилство. Во студијата е презентиран вкупниот процес на подготовка на проектот, методологијата, работните материјали, научното истражување и општествениот импакт на проектот. Театар „БОЕМИ“ овој проект го реализираше во текот на 2024 година и со него беа опфатени опшните Кисела Вода, Гази Баба и Куманово.
